Дома Македонски спорт Мак ракомет Потврда од ЕХФ: Вардар нема да игра во Лигата на шампионите!

Потврда од ЕХФ: Вардар нема да игра во Лигата на шампионите!

Eвропската ракометна федерација ја потврди одлуката за исфрлување на Вардар од Лигата на шампионите поради дологовите на претходниот сопственик.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


ЕХФ не му издаде дозвола на Вардар за учество во елитното европско натпреварување со образложение дека веќе две години се обидувале да го решат проблемот со неисплатени плати кон поранешните ракометари.

„Вардар имаше комуникација со ЕХФ со цел за расчистување на долговите. За жал клубот не ги испочитува датумите и поставија стратегија за одложување. Плаќањата се извршуваа делумно, а имаше обиди да бидат одложени за следната сезона. Извршниот комитет одлучи дека Вардар не го испочитувал договорот, па така не ги исполнува критериумите за настап во Европските купови наредната сезона“, стои во соопштението од ЕХФ.

Фото: РК Вардар

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Мак ракомет

Проверете

Барселона најде замена за Ханси Флик

Ханси Флик останува во Барселона до јуни 2028 година, а каталонскиот клуб веќе има план за…