Дома Трансфер зона Постигнат договор: Јувентус го продаде Моис Кин во Евертон!

Постигнат договор: Јувентус го продаде Моис Кин во Евертон!

Младата ѕвезда на Јувентус и италијанската репрезентација, Моис Кин е пред трансфер во Премиер лигата, каде ќе го носи дресот на Евертон.

Кин не може да се избори за поголема минутажа покрај силната конкуренција, а неговиот договор истекува следното лето, па „бјанконерите“ мораат да го продадат.


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Италијанските медиуми потврдија дека двата клуба постигнале договор и Евертон за неговиот потпис ќе плати 30 милиони евра плус 10 милиони во име на бонуси.

20-годишниот Кин е еден од најголемите таленти во Италија. Минатата сезона тој постигна 6 гола во 13 натпревари во Серија „А“. Напаѓачот исто така дебитираше за италијанската репрезентација, постигнувајќи два погодока во првите три натпревари.

Во текот на утрешниот ден се очекува Кин да пристигне во Англија на лекарски прегледи и да го комплетира трансферот во Евертон.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Шок во Атлетик Билбао: Легендата заминува по две децении!

Икер Муниаин донел одлука да го напушти својот Атлетик Билбао на крајот од сезоната. Леген…