Дома Македонски спорт Постигнат договор: Чурлинов се враќа на местото каде што го играше најдобриот фудбал!

Постигнат договор: Чурлинов се враќа на местото каде што го играше најдобриот фудбал!

Според информациите на германскиот „Кикер“, македонскиот фудбалер Дарко Чурлинов и дефинитивно ќе се врати во Шалке.

Како што се најавува, Шалке и Барнли се договориле за позајмица на Чурлинов до јуни, а германскиот тим ќе има можност за откуп на договорот за сума од 2.5 милиони евра. Тимот од Премиер лигата нема да прави проблеми и се очекува Чурлинов денеска да пристигне на медицински прегледи.

За Чурлинов епизодата во Англија се покажа како неуспешна, меѓутоа секако влијание имаше и болеста поради која долго време беше надвор од терените.

Македонскиот репрезентативец токму во Шалке играше во одлична форма, па ова секако е добра одново да го покаже својот квалитет.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Македонски спорт

Проверете

Узеир е европски првак: злато за Македонија и уште две сребра во Скопје

Нелсон Узеир го победи Милош Давидовиќ во финалето до 86 килограми во лоу-кик. Силвио Миро…