Дома Топ вести Постигнат договор: Тонали во Њукасл за 75 милиони

Постигнат договор: Тонали во Њукасл за 75 милиони

Англиските и италијанските медиуми потврдија дека Милан и Њукасл постигнале договор за трансфер на Сандро Тонали.

Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст


Премиерлигашот најпрво испрати понуда од 65 милиони евра за потписот на Тонали, но Милан експресно ја одби понудата бидејќи сакаше 80 милиони евра.

Меѓутоа, Њукасл не се откажа и испрати нова понуда од 75 милиони евра, која Милан ја прифати.

Италијанецот иако сакаше да остане во Милан, сепак ја прифати понудата на „чавките“, каде ќе заработува три пати повеќе.

Имено, Тонали постигнал договор за 5-годишна соработка и плата од 7 милиони евра по сезона, а трансферот треба да биде комплетиран во наредните денови.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Барселона го купува промашувањето на Арсенал

Кога Јакуб Кивијор се пресели од Специја во Арсенал за 19 милиони евра во јануари 2023 год…