Дома Трансфер зона Постигнат договор со фудбалерот – Интер пред ново засилување?

Постигнат договор со фудбалерот – Интер пред ново засилување?

Во Милано ова лето беше навистина бурно, Милан беше активен на стартот од преодниот рок, додека онаму каде што застанаа „росонерите“ продолжија „нероаѕурите“.

Екипата на Интер ова лето направи големи промени во својот тим, беше променет и тренерот на клубот, на „Џузепе Меаца“ пристигна Лучијано Спалети кој одлично ја отвори сезоната во Серија А.


Кој ќе биде новиот шампион, Сити или Арсенал? ↓↓↓


Покрај Спалети во клубот ова лето пристигнаа Матијас Весино, Милан Скринар, Далберт, Факондо Колидо, Борха Валеро и Жоао Кансело. Сепак, без разлика на овие засилување и победата против Фиорентина во првото коло, Спалети до крајот на предниот рок би можел да доведе уште едно засилување.

Според „Скај Спорт“, Интер постигнал договор со дефанзивецот на Арсенал, Шкодран Мустафи, по што сега ќе преминат на преговори со клубот.

Според сегашнта ситуација, воопшто не е невозможно Венгер да се согласи да го продаде Мустафи, со оглед на тоа што и самиот тој со изјава во медиумите неодамна можеби и најави негово заминување.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Реал се откажал од Дејвис – има ново решение!

Алфонсо Дејвис долго време се најавува како засилување на Реал Мадрид, меѓутоа тој трансфе…