Дома Топ вести Постигнат договор: Санчез пред заминувањер од Манчестер Јунајтед!

Постигнат договор: Санчез пред заминувањер од Манчестер Јунајтед!

Алексис Санчез ги договорил своите лични услови со Интер, тврди „Скај Спорт Италија“, а неговиот агент веќе отпатувал на разговори во Манчестер.

Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст


Санчез не е среќен што не игра во Манчестер и сака да ја промени средината и сега е блиску до враќање во Италија каде што го носеше дресот на Удинезе.

Но, овој пат ќе го избере Интер и ќе има прилика да игра во групната фаза од Лигата на шампионите.

Експертот за трансфери Џанлука Ди Марцио тврди дека Санчез се договорил со Интер и прифатил помала плата за да ја забрза работата.

Сега неговиот агент, Фернандо Феличевиќ ќе одлета во Британија на преговори со Манчестер Јунајтед.

Најмногу се зборува за позајмица до крајот на сезоната најверојатно со клазула за обврска на откуп ако забележи одреден број настапи. Во Интер Алексис повторно би заиграл со Ромелу Лукаку.

Санчез во Серија  играше од 2007 до 2011 потоа премина во Барселона, па Арсенал и од таму во Манчестер Јунајтед.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Барселона го купува промашувањето на Арсенал

Кога Јакуб Кивијор се пресели од Специја во Арсенал за 19 милиони евра во јануари 2023 год…