Дома Трансфер зона Постигнат договор: Премиер лигата добива уште еден Лукаку

Постигнат договор: Премиер лигата добива уште еден Лукаку

Договорот наводно е постигнат, наскоро следи и официјализирање.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Како што пренесуваат италијанските медиуми, левиот бек на Лацио, Џордан Лукаку кариерата ќе ја продолжи во Премиер лигата.

Помладиот брат на ѕвездата на Манчестер Јунајтед, ќе ги засили редовите на Њукасл кој до крајот на сезона му претстои борба за опстанок.

Познатиот италијански новинар Џанлука Ди Марцио тврди дека договорот е постигнат и дека Лукаку до крајот на сезоната настапува како позајмен фудбалер на „Сент Џејмс Парк“. Њукасл ќе има можност на крајот од сезоната да го откупи неговиот договор.

Џордан Лукаку во Рим пристигна во 2016 година од белгиски Остенден, но оваа сезона запиша само осум официјални натпревари за Лацио.

Неговото доаѓање во тимот на Рафа Бенитез значи дека Њукасл се откажал од обидите да го доведе дефанзивецот на Монако, Антонио Барека.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Карвахал веќе пронајде нов клуб

Откако официјално го заврши својот престој во Реал Мадрид, Дани Карвахал би можел многу бр…