Дома Трансфер зона Постигнат договор: Моис Кин се враќа во Јувентус

Постигнат договор: Моис Кин се враќа во Јувентус

Кристиано Роналдо си замина од Јувентус, а на негово место како што стојат работите „старата дама“ ќе го врати Моис Кин.

Се шпекулираше со неколку имиња, но Кин од самиот почеток важеше за фаворит, па на крајот и договор е постигнат.


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Денес сите италијански медиуми објавија дека Кин се враќа во Јувентус. 21-годишниот повремен репрезентативец на Италија беше најлесна опција и ќе пристигне за 20 милиони евра. Тоа е за седум помалку во однос на сумата за која Јувентус го продаде на англискиот тим пред две години.

Минатата сезона Кин беше на позајмица во ПСЖ, Рафа Бенитез не смета на него, па враќањњето во клубот каде што ги одигра првите сениорски минути може да биде добар потег.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Сити и Баерн сакаат да го „украдат“ талентот на Милан

„Бисерот“ Франческо Камарда го привлече вниманието на сите фудбалски клубови со своја…