Емре Чан оваа сезона не е во плановите на тренерот на Јувентус, Маурицио Сари, па ќе го напушти клубот и кариерата ќе ја продолжи во Борусија Дортмунд.
Италијанските медиуми пренесуваат дека двата клуба постигнале комплетен договор, па Емре Чан ќе се пресели во Дортмунд на позајмица со задолжителен откуп за 30 милиони евра.
Салах руши рекорди! Викендов две големи дербија во Премиер Лига! ↓↓↓
Германскиот репрезентативец има одиграно само 279 минути оваа сезона во Јувентус, па сакаше по секоја цена да ја промени средината, за да може да конкурира за тимот на Европското првенство.
Емре Чан од поодамна постигна договор со „милионерите“ и се согласи на помала плата, па утре би требало да стави потпис на договорот.
⚠ #UltimOra #Mercato
— Sky Sport (@SkySport) January 30, 2020
? #Juventus, #EmreCan al #BorussiaDortmund
? Ultimi dettagli, operazione da 30 milioni#SkySport #SkyCalciomercato #SkySerieA pic.twitter.com/tGxduvlDnu