Дома Фудбал После 11 години заминува од Евертон, а Анчелоти немаше поим кој е тој (ВИДЕО)

После 11 години заминува од Евертон, а Анчелоти немаше поим кој е тој (ВИДЕО)

Сигурно најголем дел од вас не знаат кој е Лук Гарбут, интересно за овој играч е што помина 11 години под договор со Евертон.

Гарбут е поранешен млад англиски репрезентативец кој од поодамна пристигна на „Гудисон“, но за овој тим на крајот собра само пет настапи. Останатите сезони ги помина на позајмици во пониските лиги, а оваа сезона беше член на Ипсвич.

Еден од новинарите на пресот го запраша Анчелоти што мисли за неговото заминување после 11 години, а италијанскиот стратег со причина беше збунет и не знаеше за кого се работи.

„Кој?“, зачудено праша Анчелоти кога му соопштија дека бекот заминува од Евертон после една деценија.

„Извини, но навистина сум изненаден и не знам кој е тој“, додаде Анчелоти.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Откриено какво предавство доживеа Ковачиќ во Манчестер Сити последниот ден од трансфер периодот

Ковачиќ конечно влезе подготвен во новата сезона откако имаше големи проблеми со повреди п…