Ѓоко Зајков од денес повеќе не е фудбалер на Шарлора од Белгија.
Зајков си заминува од клубот после шест години, а во тој период одигра триесетина натпреври. Клубот преку официјално соопштени му се заблагодари на Зајков и му посака среќа во понатмошната кариера.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Засега не се знае каде македонскиот репрезентативец ќе ја продолжи кариерата.
Зајков со Ангеловски на клупата постојано добиваше повик, но ќе видиме дали така ќе биде и со Благоја Милевски. Милевски на прес-конференцијата потенцираше на која беше претставен неодамна потврди дека играчите кои не играат редовно во клубовите нема да добиваат повик, освен ако позицијата на која игра и ситуацијата не налага такво нешто, односно нема друг избор.