Дома Топ вести После турнејата во САД, Нејмар не се враќа во Шпанија со тимот на Барселона

После турнејата во САД, Нејмар не се враќа во Шпанија со тимот на Барселона

После завршувањето на турнејата во САД, бразилскиот напаѓач Нејмар нема да се врати со тимот на Барса во Шпанија.

Каталонскиот тим, веднаш после дуелот со Реал во Мајами, се враќа во Шпанија, каде ќе остане до почетокот на новата сезона. Меѓутоа, во авионот од Барса нема да биде бразилската ѕвезда Нејмар, кој од САД заминува во Кина. Причината за тоа се рекламните обврски кон американската компанија Nike, но после завршувањето на истите, постои голема можност да се оствари долгонајавуваниот и долгоочекуван трансфер на фудбалерот во ПСЖ.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


ESPN од извори блиски на играчот дознава дека после посетата на Кина, Нејмар ќе стане ново засилување на ПСЖ во трансфер „тежок“ 222 милиони евра. Бразилецот, наводно, веќе го договорил трансферот со парижаните. Барселона одлуката за трансферот му ја препушти на играчот, а главна улога во сета оваа бизнис сага има таткото на Нејмар, кој прави сè да го убеди неговиот син да ја прифати богатата понуда од ПСЖ.

Вицепрвакот на Франција на бразилскиот напаѓач му нуди плата од дури 30 милиони евра годишно, понуда која многу тешко се одбива, па следната седмица би можеле да сведочиме на најголемиот и најскап трансфер на сите времиња.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Екс-голманот на Вардар, Арпад Штербик имал срцев удар

Ракометниот тим на Веспрем објави дека екс-голманот Арпад Штербик нема да биде со тимот за…