Дома Фудбал Останато После скандалот со Карлеуша, Врањеш исфрлен од репрезентацијата!

После скандалот со Карлеуша, Врањеш исфрлен од репрезентацијата!

Огнен Врањеш повеќе не е член на фудбалската репрезентација на Босна и Херцеговина, одлучи селекторот Роберт Просинечки.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Врањеш веќе неколку години е на удар на навивачите на босанската репрезентација, а капката која ја прели чашата сигурно беше скандалот со поп-ѕвездата Јелена Карлеуша.

„Сам себе се дисквалификуваше од репрезентацијата. Репрезентативец на една земја како што е БиХ мора да се докажува на терен и надвор од него. Жал ми е, но така е. И Федерацијата реагираше и ги осуди неговите постапки пред извесно време. Врањеш влезе во расправија со навивачите, тетоважи, афери…“, изјави Просинечки.

Неодамна Врањеш влезе во расправија со навивачите поради националистички тетоважи, а потоа имаше скандал со Карлеуша.

Инаку Врањеш за репрезентацијата на Босна и Херцеговина дебитираше во 2010 година и до сега има 39 настапи.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Европјаните ќе го бојкотираат Светското првенство?!

Дали ФИФА има план да фрли „нуклеарна бомба“ врз фудбалот, како што наведоа во британскиот…