Дома Фудбал Останато Последниот „крал“ пред Роналдо и Меси: Бразилецот се прости низ солзи!

Последниот „крал“ пред Роналдо и Меси: Бразилецот се прости низ солзи!

Бразилецот Рикардо Кака синоќа го одигра последниот натпревар во МЛС лигата за Орландо Сити, па иако не потврди дека ќе оди во пензија, јасно е дека тој ден се приближува.

Легендарниот Бразилец својата слава ја стекна во дресот на Милан, каде два пати беше играч на годината во Серија А и е еден од четирити играчи кои ги имаат освоено Светското првенство, Лигата на шампиони и „Златната топка“ заедно со Роналдињо, Ривалдо и Зидан.


Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓


Неговиот трансфер во Реал Мадрид во 2009 година тогаш беше втор најскап на сите времиња, иако после заминувањето од Милан никогаш повеќе не заигра на тоа ниво.

Кака ќе остане запаметен по својата елеганција на теренот и последен играч кој ја освои „Златната топка“ (2007) пред ерата на Роналдо и Меси.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Го одби Ливерпул за да дојде во Јувентус и сега прави чуда!

Карло Алберто Белони, агентот на голманот на Јувентус, Микеле Де Грегорио, истакна дека ов…