Дома Трансфер зона Последната голема работа на Раиола – колку заработија агентите од трансферот на Халанд?

Последната голема работа на Раиола – колку заработија агентите од трансферот на Халанд?

Ерлинг Халанд премине од Борусија Дортмунд во Манчестер Сити за сума од 60 милиони евра.

Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст


Еден од најдобрите напаѓачи во светот го заврши трансферот во Сити кој беше потврден во вторникот.

Комплетниот пакет околу трансферот ќе ги чини „граѓаните“ повеќе од 300 милиони евра. Од таа сума 60 одат на Борусија, Салзбург и поранешните клубови на Халанд, а многу пари завршија и во касата на агенцијата која до неодамна ја водеше Мино Раиола.

Познатиот менаџер за жал почина пред реализацијата на овој голем трансфер и провизијата од трансферот ќе им припадне на луѓето кои го наследија.

Ова провизија изнесува неверојатни 40 милиони евра и ќе ја добијат Виченцо Раиола и Рафаел Пиаменто кои сега се на чело на агенцијата.

„Провизијата за агенти е околу 40 милиони евра. Тоа е цифра која малку привлекува внимание што е знак колку нормално стана сето тоа денес“, напиша новинарот Себ Стафорд-Блор.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Барселона го купува промашувањето на Арсенал

Кога Јакуб Кивијор се пресели од Специја во Арсенал за 19 милиони евра во јануари 2023 год…