Дома Фудбал Португалците: Реал го убедил Роналдо да потпише спогодба со Мајорга

Португалците: Реал го убедил Роналдо да потпише спогодба со Мајорга

Португалскиот весник „Кореиро де Манха“ денес објави вест и тврди дека Реал Мадрид го убедил Роналдо да потпише спогодба со Кетрин Мајорга.

Роналдо тоа лето преминуваше од Манчестер Јунајтед, иако истрагата не била спроведена, не сакал да ризикува било каков негативен поублицитет и нарушување на угледот на самиот себе, но и на клубот.

„Клубот и Роналдо заклучиле дека најдобро за двете страни да ја признаат вината и да се договрат бидејќи така целата приказна брзо би се завршила, а девојката се обврзала дека за тоа нема да збори и нема да поднесува обвинение“, стои во текстот на португалскиот медиум.

Роналдо спогодбата ја потпишал во јануари 2010 година иако тврдел дека е невин. Мајорга добила 375.000 евра.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Сити двапати се враќаше, па на пенали го скрши Брајтон!

Рајан Шерки и Џеронимо Рули беа клучни за пласманот на Манчестер сити во четвртфиналето на…