Португалците се во потрага по нов селектор затоа што Фернандо Сантош доби отказ по настапот на Светското првенство.
Мурињо во претходниот период се поврзуваше со селекторската позиција на Португалија, а сега е прв избор на Федерацијата.
Салах руши рекорди! Викендов две големи дербија во Премиер Лига! ↓↓↓
Луѓето од португалската Федерација започнале сериозна офанзива кон Мурињо да го убедат да ја напушти Рома и да ја преземе репрезентацијата, пренесува „Скај Италија“.
„Волчицата“ не му дозволува истовремено да ги извршува двете функции, па сега се загрижени дали Мурињо може да го напушти клубот.
Од Федерацијата дури му предложиле на Мурињо да го чекаат до лето, да ја заврши сезоната со Рома, а потоа да го назначат за нов селектор.