Со победите на домашен терен изминатата вечер Филаделфија и Портланд во полуфиналната серија се изборија за мајсторки.
Филаделфија на свој терен со 112:101 го совладаа Тороно и сега не чека седмиот меч во полуфиналната серија на Источната конференција. Одлуката ќе падне за три дена во Торонто, во финалето ги чека Милвоки.
Уствари викендов е затишје пред бура! ↓↓↓
Каваи Леонард беше најдобар поединец на натпреварот со 29 поени и 12 скоквои, но тоа не им беше доволно на Рапторси да обезбедат финале. Батлер со 25 поени, осум асистенции и шест скокови ги предводеше домаќините до победа.
Покрај него важна улога имаше и Бен Симонс со 21 поен, шест асистенции и осум скокови. Ембид уфрли 17 поени и додаде 12 скокови.
https://www.youtube.com/watch?v=8Rm9QRi4YDU
Возбудливо беше и во Портланд каде што домаќинот триумфираше со 119:108 и во Денвер ќе се игра седми натпревар за финале на Западот.
Демиан Лилард повторно беше најдобар со 32 поени, додека го следеше Мекколум со 30 поени. На спротивната страна Никола Јокиќ уфрли 29 поени, осум асистенции 12 скокови.
Неговиот соиграч Марај додаде 24 поени и 10 скокови, додека Милисап постигна 17 поени и запиша шест асистенции.
https://www.youtube.com/watch?v=Zb5bPXJi9Bg