ПСЖ со победата во Белград против Црвена Звезда стигна до првото место во групата и условно кажано полесниот пат во нокаут фазата, а единствен од редовите на ПСЖ кој беше критикуван после овој натпревар е легендарниот Буфон.
Го обвинуваат за голот и поставуваат прашање зошто Тухел упорно го форсира Италијанецот кога Ареола е во подобра форма.
Салах руши рекорди! Викендов две големи дербија во Премиер Лига! ↓↓↓
„Доколку Ареола погрешеше како Буфон против Звезда пет дена би се пишувало за тоа. Иако Тухел тврди дека се рамноправни, јасно е дека Буфон е чекор напред. Брани во Лигата на шампионите и прима голови, имаше грешка и против Наполи. Има 41 година, не може да брани од стара слава. Но, сепак сум сигурен дека тој ќе биде на голот во осминафиналето“, остар беше Жером Ротен поранешниот фудбалер на ПСЖ.
Освен Ротен и спортската јавност во светот има сличен коментар за ситуацијата со голот на ПСЖ.