Дома Фудбал Останато Поранешниот играч на Барса и Челзи со чуден предлог: Четири корнери – пенал!

Поранешниот играч на Барса и Челзи со чуден предлог: Четири корнери – пенал!

Поранешниот фудбалер на Барселона, Бразилецот Жулијано Белети има и тоа како интересен предлог за промена на фудбалските правила.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Белети предложи да се воведе правило екипата после секој четврти корнер на натпреварот да добива пенал. Тоа според него би го направило фудбалот поинтересен и со повеќе голови.

„Најважната работа во фудбалот се головите, а тие станаа ретки (1, 2 или 3 гола по натпревар). Најгледана работа се пеналите. Предложувам да се воведе ново правило со кое би имале повеќе пенали во текот на натпреварот. Пример, на четири корнери да има пенал. На секој четврти да има пенал“, предложи Белети.

Ваквиот предлог звучи навистина нереално и тешко дека во иднина може да се случи ваква промена на фудбалската игра и веројатно се ќе остане само на предлог.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Англија не покажа ништо од спектакуларниот фудбал од првиот натпревар

Откако во првиот натпревар прикажа исклучително спектакуларен и резултатски фудбал, денес …