За карактерот и работните навики на Кристиано Роналдо не треба да се трошат зборови.
Благодарение на напорната работи Роналдо е она што е денес – еден од најдобрите фудбалери на сите времиња и човек кој пет пати ја освојуваше наградата за најдобар играч во светот.
Салах руши рекорди! Викендов две големи дербија во Премиер Лига! ↓↓↓
Иако наполни 34 години Кристиано се уште жестоко тренира. Прв доаѓа, а последен си оди. Тоа многу пати го потврдуваа неговите соиграчи од Манчестер Јунајтед, Реал Мадрид и неговиот сегашен клуб Јувентус.
Судејќи според неговата физичка форма Роналдо изгледа како сигурно да може да игра до 40-тата година.
Кариерата Португалецот ја започна во португалски Спортинг и тогаш беше забележително дека ќе стане голем фудбалер. Неговиот поранешен соиграч Тонито опишува како на почетокот од кариерата буквално го молел Ронладо да го завршат тренингот и да си одат дома.
„Кристиано како дете беше таков каков што е денес – скромен, амбициозен, посветен и професионалец“ , започна да зборува Тонито, а потоа откри интересна ситуација од еден од тренинзите.
„Го возев на треинг и од тренинг. После завршувањето на тренингот морав да го чека и по повеќе од еден час бидејќи тој не сакаше да си оди дома. Тропав на прозорите на теренот и му довикував: Ајде Крис престани, доцна е мораме да си одиме. Сепак сето тоа беше залудно Роналдо никој не може да го убеди тренингот да го заврши порано од она што тој испланирал“, открива Тонито.