Maкедонецот Бобан Илиоски е нов шампион во кик бокс, откако триумфираше во финалето во Турција.
Утрово Бобан во борбата за златниот медал беше подобар од Христо Калајџиев од Бугарија со 3:0. За Македонија ова беше втор медал за Македонија на ова Европско првенство откако претходно Викторија Варадинова во женска конкуренција освои бронза.
Салах руши рекорди! Викендов две големи дербија во Премиер Лига! ↓↓↓
Илиоски во категоријата до 86 килограми буквално ги збриша ривалите на патот до европско злато, бидејќи со убедливи 3-0 славеше против сите противници. на патот кон финалето ги победи Мартин Лоренц од Чешка, како и Борна Манојловиќ од Хрватска.
По освоената титула тој се огласи со порака преку социјалните мрежи.
„После две напорни борби со борци од Чешка и Хрватска, денеска се одржа финалната борба каде што се борев против искусен борец од Бугарија.Со благослов од Господ, се помина како што треба и извојував победа со 3-0 и со тоа го освоив златниот медал на Европското првенство.
Голема благодарност до мојата фамилија, моите тренери Дејан Митровски – Урко и Гладијатор Скопје, клупски другари и сите кои ми помагаа, несебично поддржуваа и храбреа. Благодарност до Агенцијата млади и спорт начело со директорот Наумче Мојсовски и Македонскиот олимписки комитет, односно претседателот Даниел Димески, кој секогаш ни се ветер во грб и од голема помош на нас спортистите и лично на мене во постигнувањето на врвни резултати. Ова е само почеток и сон на едно обично дете од Скопје-Лисиче за кое ке слушне целиот свет. Да живее Македонија! Спортски поздрав“, порача Илиоски преку неговиот Инстаграм профил.