Навивачите на Интер не можат да се помират со поразот од Јувентус (2:3) на „Џузепе Меаца“, а како најголем виновник за брзиот пресврт на Јувентус е означен дефанзивецот Давиде Сантон.
Иако му се замерува и на Спалети што при водство на Интер од 2:1 од игра го извади Мауро Икарди, како и на судијата Орсато, тешки денови по поразот на Интер поминува и сопругата на Давиде Сантон.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Клое Сандерсон која е сопруга на Сантон преку друштвените мрежи добила сериозни закану.
„Всушност немам зборови со кои можам да ги опишам некои луѓе. Постојат такви кои посакуваат моја смрт, силување, тешка болест…Сакам да им кажам на тие луѓе дека мојот татко е тешко болен. Во никој случај не е во ред јас да се плашам да останам сама дома и да гледам кога мојот сопруг ќе се врати. Овој пораз никого повеќе не го боли од самиот Давиде“, изјави сопругата на Сантон.