Дома Македонски спорт Мак фудбал Поповски: Велкоски има ДНК на Работнички и ќе донесе голем квалитет

Поповски: Велкоски има ДНК на Работнички и ќе донесе голем квалитет

Работнички го врати искусниот напаѓач Крсте Велкоски и ја освежи меморијата на шампионските денови во Дебар Маало. Тој ќе донесе непроценливо искуство за младиот тим на Работнички, но и квалитет во навалната линија во пресрет на новата сезона.

Извршниот директор на клубот, Иван Поповски, вели дека Работнички веднаш реагираше откако увиде дека Велкоски е слободен агент, по заминувањето од Сараево.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


„Крсте Велкоски во својата ДНК го има Работнички. Не размислувавме ниту момент дали треба да го вратиме во клубот. Неговото враќање е од непроценливо значење.

Тој ќе донесе голем квалитет во тимот на Љупчо Марковски, но исто така ќе биде и лидер и ќе им го покаже патот кон европските височини на младите фудбалери. Работнички и понатаму не отстапува од својата стратегија за форсирање на млади и талентирани фудбалери, а токму Крсте Велкоски треба да ги предводи со своето искуство“, вели Иван Поповски.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Мак фудбал

Проверете

Баерн во Милан го најде наследникот на Ноер

Мајк Мењан е еден од најважните карики во Милан и се етаблираше во еден од најдобрите голм…