Поранешниот капитен на хрватската репрезентација, Дарио Срна би можел да направи трансфер во редовите на Интер.
Така барем тврди познатиот италијански новинар, иначе доверлив извор кога се трансферите во прашање, Џанлука Ди Марцио.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Ди Марцио наведува дека Срна е голема желба на управата на италијанскиот клуб и веќе му понудиле договор на една година.
Срна поради суспензијата не играше фудбал девет месеци, а во Интер сметаат дека 36 годишниот фудбалер се уште може да игра на високо ниво. Интер се враќа во
Лигата на шампионите и сигурно дека ќе играат само најспремните.
Миланскиот клуб во овој момент на позицијата десен бек ги има Давиде Сантон, Жоа Кансело и Данило Д’Aмбросио. Доколку Срна пристигне на „Џузепе Меаца“ еден од овие тројца веројатно ќе го напушти клубот.
#Calciomercato | #Inter, si valuta l’idea #Srna per la fascia?https://t.co/fkAWe58dEw
— Gianluca Di Marzio (@DiMarzio) June 6, 2018