Дома Македонски спорт Полувреме: Младинците имаат негатива против Ф.Острови, Антовски ја стресе пречката!

Полувреме: Младинците имаат негатива против Ф.Острови, Антовски ја стресе пречката!

Македонската фудбалска репрезентација до 21 година денес го игра натпреварот од квалификациите во Европското првенство против Фарски Острови на гостински терен.

Улични кучиња: Системски или човечки проблем? | Уште еден поткаст


После првите 45 минути Фарски Острови имаат водство од 1:0. До предност домаќинот дојде во една од своите први шанси уште во седмата минута кога Денковски беше совладан од Андрас Јохансен.

Македонија во продолжение создаде две одлични прилики прво преку Лука Трајкоски кој шутираше некаде од работ на шеснаесетникот кон средината на полувремето, а потоа и преку Филип Антовски во 36. минута кој се закани од далечина, неговиот удар заврши во пречката.

Тоа беа и двете наши најголеми шанси да стигнеме до гол во првиот дел.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Македонски спорт

Проверете

Очајнички потег на Бенфика да го привлече Мурињо за Лисабон пред Реал Мадрид

Управата на Бенфика е решена да го задржи својот главен тренер Жозе Мурињо, додека расте и…