Дома Македонски спорт Полувреме: Видовме една подобра Македонија!

Полувреме: Видовме една подобра Македонија!

Македонија денес сосема добро го започна натпреварот против Словенија која пред почетокот на натпреварот беше огромен фаворит. Една поинаква Македонија видовме од самиот старт и после 10 минути водевме со 5:4.

Следуваше период од две минути без гол, па Македонија со голот на Талески од девет метри дојде до 6:4. Потоа следуваше една серија на Словенија од 3:0 и поведоа со 6:7, тоа беше второ водство за Словенците во натпреварот. Израмнивме веќе во следниот напад и тоа повторно преку Талески (7:7).


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Се играше тврд ракомет, ниту Словенците, ниту ние не се одлепувавме. Во последните 10 минути Словенија влезе со еден гол предност (8:9). По таа 20. минута имавме пад во играта, па Словенија во наредните пет минути првпат дојде до плус три (9:12).

До крајот првите 30 минути ние не постигнавме гол, а Словенија даде уште еден за водство од 9:13.

Талески и Лазаров кај нас беа најефикасни со по три гола.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Македонски спорт

Проверете

Куманово објави ново видео: Погледнете како се „поздравува“ играчот на Шкендија 🎥

Изминатите неколку дена во центарот на вниманието на македонската фудбалска јавност е дерб…