Дома Фудбал Репрезентации Полска славеше во Црна Гора, Мартин им донесе победа на Шкотланѓаните против Словенија

Полска славеше во Црна Гора, Мартин им донесе победа на Шкотланѓаните против Словенија

Репрезентацијата на Полска беше подобра во Подгорица во квалификаците за Светското фудбалско првенство 2018, со резултат од 2:1.

Во првото полувреме гостите беа за нијанса подобра екипа, што беше крунисано со гол на шест минути пред заминувањето на полувреме. Стрелец беше Роберт Левандовски кој постигна одличен гол од слободен удар од 18 метри.


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Црногорците во продолжението тргнаа поофанзивно, што им се исплатеше во 63-та минута. После одлична долга топка од Дамир Којашевиќ, која стигна до Стефан Мугоша, Црногорците постигнаа изедначувачки гол во мрежата на Лукас Фабијански.

Сепак, во 83-та минута гледачите на стадионот беа сведоци на фудбалска магија. Лукаш Пишчек прими прецизен пас и шутираше од левата страна, а голманот Божовиќ беше немоќен пред тој удар, по што топката се одби од стативата и заврши во мрежата за победа на Полска.

Северна Ирска за половина час го реши прашањето на победникот во дуелот со Норвешка. Вард веќе во втората минута ги доведе домаќините во водство, а Вашингтон на асистенција од Дејвис во 33-та минута ја удвои предноста и воедно ги постави конечните 2:0.

Шкотланѓаните во текот на целиот натпревар со Словенија доминираа на теренот, а наградата стигна две минути пред крајот на мечот, кога Мартин погоди на асистенција од Армстронг за минимални 1:0.

Словачка, потешко од очекуваното, победи на гости на Малта. Не изгледаше така кога во втората минута од натпреварот Вајс ги доведе Словаците во водство на асистенција од Немец. Сепак, Фаруги ги шокираше гостите со изненадувачки гол во 14-та минута, а пред самиот крај на првото полувреме Грегус повторно ја доведе Словачка во водство на асистенција од Вајс. Шест минути пред крајот Немец го постигна третиот гол за Словачка и со тоа го реши победникот на дуелот.

Романија и Данска ги поделија бодовите во мечот без голови кој, според играта на теренот, заврши со реален резултат од 0:0.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Репрезентации

Проверете

Лопетеги може да се врати во Премиер лигата

Шпанскиот тренер Јулен Лопетеги би можел повторно да работи во Премиер лигата. Имено, Вест…