Дома Фудбал Останато Политиката вмеша прсти: Саудиска Арабија им нареди на Нејмар и друштвото да го напуштат Иран!

Политиката вмеша прсти: Саудиска Арабија им нареди на Нејмар и друштвото да го напуштат Иран!

Фудбалската федерација на Саудиска Арабија им забрани на своите екипи да играат во Иран, а причина е статуа која беше поставена на натпреварот помеѓу Сепахан и Ал Итихад.

Ал Итихад и Ал Хилал отпатуваа во Иран на натпревари од азиската Лига на шампиони, но сега средбите се одложени. На натпреварот помеѓу Сепахан и Ал Итихад била поставена статуа од Касум Сулејмани.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Станува збор за ирански генерал кого во Саудиска Арабија се смета за воен злосторник. Ал Итихад не сакаше да го игра натпреварот додека статуата не се отстрани, домаќините одбиле да го направат тоа и натпреварот се одложил.

Поради тоа од Саудиска Арабија стигнала наредна и Ал Хилал на Нејмар да го напушти Иран и да се врати во земјата. Вечерва Ал Хилал требаше да се сретне со Несаји Мазандаран, засега како што стојат работите овој дуел нема да се одигра ако не се случи некаков пресврт.

Веќе се огласија и од Азиската фудбалска федерација соопштувајќи дека инцидентот ќе биде проследен од соодветни комисии кои ќе решаваат за исходот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Влаховиќ е примарна трансфер цел на Арсенал

Раководството на Јувентус не исклучува продажба на Душан Влаховиќ на крајот на сезоната, п…