Маурисио Покетино полека започнува да се подготвува за летниот преоден рок, а на листата желби има и тројца Португалци.
Тотенхем ќе даде се од себе за во наредната сезона да влезе уште посилно во Премиер лигата.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
„Петлите“ играат добро секогаш се помеѓу најдобрите, но титулите се она што недостасува. Тотенхем во наредниот период ќе се обиде да доведе португалско трио.
Рубен Невеш кој често се поврзува со Ливерпул сега се најде на мета и на клубот од Лондон. Поотоа следи Седрик Соараеш (26) од Саутемптон кој би ја засилил конкуренцијата на левата бековска позиција.
Орие пристигна минатото лето од ПСЖ, но и покрај тоа Покетино смета дека на екипата и е потребно ново засилување на оваа позиција.
Ѕвездата на Спортинг каде што настапува нашиот Стефан Ристовски, Желсон Мартинс исто така е желба на Покетино. Ова момче има само 22 години и игра на крилната позиција во досегашниот дел од сезоната постигна осум погодоци и запиша осум асистенции.