Дома Фудбал Покетино потврди: ПСЖ ќе биде ослабен против Барселона

Покетино потврди: ПСЖ ќе биде ослабен против Барселона

Maурисио Покетино, тренерот на ПСЖ објави дека неговиот тим ќе биде без Анхел Ди Марија во дуелот од Лигата на шампионите против Барселона.

Ди Марија се повреди и нема да биде на располагање на Парижаните за осминафиналните дуели од Лигата на шампионите кои ќе следат.

Аргентинскиот репрезентативец неодамна се повреди против Марсеј, а Покетино потврди дека нема да се опорави на време за дуелите од Лигата на шампионите.

„Анхел нема да игра против Барселона. Тој е многу важен играч за нас, но и понатаму сметам дека имаме доволно добар тим кој ќе може да и се спротистави на Барселона“, изјави Покетино.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Тајроски расте во академијата на Рид, Македонија е репрезентативна можност

Билал Тајроски, играч за врска роден во 2012 година, е дел од младинскиот погон на Рид. Не…