Новиот тренер на ПСЖ, Маурисио ПОкетино е во постојан контакт со голманот на Тотенхем, Уго Лорис.
Англиските медиуми пренесуваат дека Покетино сака по секоја цена да го донесе 34-годишниот голман во ПСЖ на лето.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Лорис на лето ќе влезе во последната година од договорот и нема најави за негово продолжување.
Покетино одлично го познава Французинот и сака да ја искористи таквата ситуација и да го донесе во ПСЖ.
Лорис сака да игра во клуб кој освојува повеќе трофеи, па е спремен да се врати во Франција. Тоа значи дека Тотенхем на лето може да биде ставен пред „свршен чин“ и да остане без искусниот голман.