Менаџерот на Тотенхем, Маурисио Покетино пред полуфиналето во ФА Купот имаше само убави зборови за Жозе Мурињо за кого смета дека е еден од најдобрите во професијата.
„Според мене, Жозе Мурињо е еден од најдобрите менаџери во светот. Нема потреба да го докажува тоа на кој и да било. Манчестер Јунајтед има фантастична сезона, иако, слично на нас, тие се разочарани од елиминацијата од Лигата на шампионите. Мурињо прави одлична работа во втората сезона во Манчестер и тоа е факт“, изјави Покетино.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Покетино смета дека нема да има предност пред Манчестер бидејќи целата сезона тимот игра на „Вембли“.
„Овој пат е различно, бидејќи ќе го делиме стадионот со Манчестер Јунајтед. Тие исто така имаат доволно искуство на „Вембли“. Не мислам дека ние имаме предност. Мислам дека тоа ќе биде типичен натпревар за Купот“, заклучи Аргентинецот.