Италијанските медиуми тврдат дека повеќе нема дилеми, дури и тврдат дека го знаат точниот датум кога Емре Чан ќе потпише договор со Јувентус.
Од поодамна добро познато е дека Германецот на кого му истекува договорот е во преговори со Јувентус, а во текот на вчерашниот ден беше потврдено дека пристигнува во редовите на старо-новиот шампион на Италија.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
„Кориере дело Спорт“ денес излегува со нова вест – точниот датум кога Јувентус ќе го објави трансферот на Германецот.
Реномираниот италијански медиум открива дека трансферот од Јувентус официјално ќе биде потврден само еден ден после финалето во Лигата на шампионите, односно 27 мај.
Од друга страна во текстот се наведува дека пристигнувањето на Чан значи и заминување на неговиот сонародник од редовите на Јувентус, Сами Кедира кој наводно има понуди од Премиер лигата.