Познат е составот на Вардар кој вечерва ќе истрча на теренот на Националната Арена „Филип Втори“ во Скопје за реванш дуелот од 1. квалификациско коло против Пјуник.
Во дефанзивата има една замена од првиот меч во Ереван. На левата бековска позиција сега се наоѓа Владица Брдаровски, додека Коста Манев оди на стоперското место заедно со Евгениј Новак.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Друга значајна промена е што Тигран Барсегјан ќе игра во офанзивниот дел од средниот ред, и ќе му биде поддршка на Максим Максимов во нападот.
На клупата за резерви шанса за настап чекаат Филип Илиќ, Тодор Тодороски, Николас Херанц, Филип Најдовски, Вилијан Лира, Бесар Исени и Али Адем.