Дома Останати Тенис Познат американски тенисер со приватен авион избегал од Русија откако добил позитивен тест на Ковид-19

Познат американски тенисер со приватен авион избегал од Русија откако добил позитивен тест на Ковид-19

Неверојатна ситуација се случи во Русија.

Американскиот тенисер Сем Квери исчезна од Санкт Петерзбург откако бил позитивен на тест за коронавирус.


Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓


Откако добил позитивен тест пред стартот на турнирот тој бил префрлен со сопругата и синот во луксузен хотел за наредните денови да ги помине во изолација. Меѓутоа откако му било јавено дека докторите ќе дојдат да ја проверат состојбата кај него и неговото семејство Квери одлучил да исчезне.

Американецот изнајмил приватен авион и побегнал во непознат правец, според неофицијални информации се наоѓа во некоја балтичка земја каде што не му треба негативен тест за влез во земјата.

После целата ситуација се огласи и АТП и Квери би можел да доби суспензија од три години.

„АТП е известен за инцидентот и сериозното кршење на протоколите. Ние оваа ситуација ја сфативме озбилно и отворена е истрага“, стои во соопштението.

На Квери му се заканува парична казна од 100.000 долари и суспензија од три години.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Тенис

Проверете

Ѓоковиќ нема конкуренција – овие бројки ја покажуваат доминацијата на Србинот!

Новак Ѓоковиќ во последниве години доминира со светскиот тенис. Србинот од 2020 година па …