Дома Фудбал Познато кој ќе ја носи „десетката“ на Модриќ во новата сезона

Познато кој ќе ја носи „десетката“ на Модриќ во новата сезона

Хрватскиот фудбалер за врска, Лука Модриќ засега нема донесено одлука каде ќе ја продолжи кариерата, меѓутоа во шпанските медиуми се тврди дека дури и да не замине неговата „десетка“ ќе добие нов сопственик.

Улични кучиња: Системски или човечки проблем? | Уште еден поткаст


На лето се очекува во Мадрид да пристигнат Килијан Мбапе и Бразилецот Ендрик, а „АС“ денес пренесува дека тоа ќе значи промена на броевите на дресовите.

Мбапе според најавите би требало да ја добие „десетката“, додека за Ендрик би била резервирана „деветката“.

„Кралевите“ досега не му понудиле нов договор на Модриќ, но се очекува тоа да се случи наскоро, меѓутоа последниот збор ќе го има Хрватот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

МАРКА: Шест играчи на Реал во конфликт со Арбелоа, избегнуваат комуникација

Тешката сезона на Реал Мадрид продолжува со нови проблеми на нејзиниот крај. По долгата тр…