Дома Трансфер зона Познато кој број ќе го носи Мбапе во Реал Мадрид

Познато кој број ќе го носи Мбапе во Реал Мадрид

Францускиот напаѓач Килијан Мбапе наскоро ќе го засили Реал Мадрид, откако претходно неколку сезони играше на врвно ниво за ПСЖ.

Овој напаѓач со парижаните има договор на уште една година и неколку пати одбиваше понуди од раководството на францускиот клуб да ја продолжи соработката.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Реал Мадрид понуди 170 милиони евра плус 10 милиони во бонуси за да го купи Мбапе, а се очекува трансферот да биде реализиран во текот на денешниот ден.

Шпанските медиуми открија и кој број ќе го носи Мбапе во новиот тим. Тој има желба да го облече дресот со број 23, кој веќе го носи неговиот сонародник Ферланд Менди.

„АС“ објави дека Менди нема ништо против да го препушти неговиот број на младиот француски фудбалер.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Крај на една ера: Марко Ројс заминува од Борусија Дортмунд!

Легендата на Борусија Дортмунд, Марко Ројс ќе си замине по завршувањето на актуелната сезо…