Дома Топ вести Познато колку ќе чини Халанд со вклучени премии и плата

Познато колку ќе чини Халанд со вклучени премии и плата

Ерлинг Халанад наредното лето дефинитивно ќе ја напушти Борусија Дортмуд, а за неговиот потпис ќе водат битка неколку европски гиганти.

Од 1 јули 2022 година во неговиот договор ќе има откупна клаузула од 75 милиони евра, па многу европски гиганти се спремни да ја платат таа сума за да го донесат норвешкиот голгетер.


Кој ќе биде новиот шампион, Сити или Арсенал? ↓↓↓


Меѓутоа, обештетувањето за Борусија Дортмунд е само почеток, а целиот „пакет“ ќе чини околу 300 милиони евра.

„Халанд има клаузула, но тоа не е се. Цел пакет, со бонуси за неговиот агент и неговата плата во петгодишен договор изнесува помеѓу 250 и 300 милиони евра“, изјави германски агент.

Имено, покрај споменатите 75 милиони евра, клубот треба да издвои и бонус од 50 милиони евра за агентот Мино Раиола и таткото на Халанд, плус 5-годишна плата за напаѓачот од 25-30 милиони евра.

Оваа сума можат да ја издвојат само мал број на клубови, а Реал Мадрид важи како фаворит за неговиот потпис.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Изненадувачка одлука: Баерн Минхен се договори со Компани

Баерн Минхен веќе подолго време е во потрага по нов тренер, откако стана јасно дека Томас …