Дома Трансфер зона Познато колку ќе заработува Мбапе во Реал Мадрид

Познато колку ќе заработува Мбапе во Реал Мадрид

Во Реал Мадрид се уверени дека трансферот на напаѓачот на Пари Сен-Жермен, Килијан Мбапе ќе се случи по завршувањето на оваа сезона.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Мбапе веќе донел конечна одлука, иако ПСЖ се обидува да го предомисли и да го продолжи договорот.

Во емисијата „Ел Чирингито“ денеска беше објавено дека напаѓачот на „Сантијаго Бернабеу“ ќе заработува околу 35 милиони евра нето по сезона, а ќе добие и бонус од околу 100 милиони евра при потпис на договорот.

Со тоа Мбапе ќе биде најплатениот фудбалер во Европа и далеку најплатен фудбалер во Реал Мадрид.

Само за споредба, Французинот ќе заработува три пати повеќе од Винисиус, кој вчера го продолжи договорот со „кралевите“.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Карвахал веќе пронајде нов клуб

Откако официјално го заврши својот престој во Реал Мадрид, Дани Карвахал би можел многу бр…