Пари Сент Жермен сака долгорочно да го задржи Килијан Мбапе во своите редови и му нуди нов договор со астрономска плата.
Мбапе минатата сезона беше одличен во дресот на ПСЖ, па на 43 меча постигна 39 гола, од кои 33 беа во француското првенство поради што ја доби наградата за најдобар стрелец во Лига 1, а урна и многу рекорди.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Меѓутоа, младиот Французин е на мета на Реал Мадрид, кој е спремен да го сруши светскиот трансфер рекорд за да го донесе на „Сантиаго Бернабеу“.
И самиот Мбапе е поласкан од идејата да игра за еден од најголемите клубови во светот, па ПСЖ мораше брзо да реагира. Управата на „светците“ му понуди нов договор со значително зголемување на платата.
Имено, ПСЖ му нуди 5-годишен договор со плата од 30 милиони евра по сезона плус бонуси со кои платата може да достигне до 40 милиони евра.
Сега се чека одлука на Мбапе, дали ќе стави потпис на овој договор или сепак ќе чека Реал Мадрид да испрати понуда.
#PSG are in talks with Kylian #Mbappè for renewing the contract. #Leonardo is preparing a new agreement (5-years) for the striker by a wages of €30M a year +bonuses. #RealMadrid are interested, but #AlKhelaifi doesn't want to sell him and will held talks with his agent soon
— Nicolò Schira (@NicoSchira) November 22, 2019