Капитенот на Јувентус и еден од најдобрите голмани во историјата, Џанлуиџи Буфон закажа средба со новинарите.
„Старата дама“ објави дека во четврток во 11:30 часот Буфон ќе одржи прес-конференција.
Салах руши рекорди! Викендов две големи дербија во Премиер Лига! ↓↓↓
Иако од старо-новиот шампион на Италија не ја откриваат темата на која ќе се зборува на оваа конференција, јасно е дека има две опции.
Поверојатната опција е дека конференцијата се одржува за Буфон да објави крај на својата кариера, а другата е продолжување на најмногу уште една сезона.
Фудбалскиот свет очекува Буфон да каже – крај, а негов последен натпревар би можел да биде саботниот (од 15 часот) против Верона кога Јувентус ќе игра на домашен терен.
Да потсетиме, неодамна беше потврдено и дека Буфон добил понуда од славниот аргентински клуб Бока Јуниорс.