Тренерот на Барселона, Чави Ернандес наскоро ќе има уште една многу добра опција во нападот, пренесуваат каталонските медиуми.




Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст
Имено, рехабилитацијата на Ансу Фати се одвива побрзо од предвиденото и е блиску до враќање на терените.




„Мундо Депортиво“ пренесува дека младиот талент ќе се приклучи на тренинзите со првиот тим и ако се биде во ред за две недели, односно средината на април, ќе се врати на терените.




Од клубот не сакаат да брзаат со враќањето на Фати за да не ризикуваат нови повреди. Поради тоа 19-годишниот крилен напаѓач сигурно нема да игра во следните два меча (Севиља и Ајнтрахт во ЛЕ), меѓутоа, најверојатно ќе добие неколку минути на мечот против Леванте на 10 април.