Дома Трансфер зона Познато каков договор ќе добие Азар во Реал и колку „кралевите“ ќе платат на Челзи?

Познато каков договор ќе добие Азар во Реал и колку „кралевите“ ќе платат на Челзи?

celsi

Судбината на Белгиецот е се поизвесна.

Како што стојат работите Еден Азар ја игра последната сезона во дресот на Челзи.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Познато е дека крилниот фудбалер е голема желба на Реал Мадрид, а „Марка“ во петокот вечерта објави и дека договорот помеѓу сите три страни (двата клуба и играчот) е постигнат и дека се чека само официјална потврда (тука).

Впечаток е дека сега е идеална прилика за Реал да реагира и да го доведе во своите редови Азар кој има договор со Челзи до 2020 година, а така „сините“ би добиле и голем удар поради забраната за трансфери.

Сега англиските медиуми пренесуваат дека се помали се шансите репрезентативецот на Белгија да остане во Лондон, а наводно е познато и за која сума Челзи ќе го пушти Азар да замине една година пред истекот на договорот.

Имено се верува дека Челзи би се согласил на понуда од 116 милиони евра (100 милиони фунти).

Тоа изгледа е прифатливо за Реал, иако се шпекулираше дека тие се обидувале да се договорат со Челзи за 80 милиони евра. Во Челзи сакаат да го задржат и да му понудат нов договор според кој би заработувал 350.000 фунти неделно.

Меѓутоа Азар има голема желба да соработува со Зидан и да го носи дресот на Реал, а на сето тоа и понудата од Реал е финансиски подобра, барем ако им веруваме на Англичаните.

Низ англиските медиуми се пишува дека Азар во Мадрид го чека договор на шест години со плата од 400.000 фунти неделно.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Реал и ПСЖ се „тепаат“ за големиот аргентински талент

Реал Мадрид и ПСЖ покажуваат сериозен интерес за големиот аргентински талент на Ривер Плат…