Дома Топ вести Вечерна „бомба“ на „Марка“: Трансферот на Азар е договорен!

Вечерна „бомба“ на „Марка“: Трансферот на Азар е договорен!

Веќе долго време се шпекулира за потенцијалното заминување на првата ѕвезда на Челзи Еден Азар во редовите на шпанскиот гигант Реал Мадрид.

Азар никогаш не ја криел желбата да го носи дресот на „кралевите“, а веќе одби и неколку понуди од „сините“ за продолжување на договорот. Дополнително гласините за негово преминување во Мадрид беа зголемени кога Зинедин Зидан се врати на клупата, Французинот е фудбалскиот идол на Зидан.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Зидан исто така е фан на стилот на игра на Белгиецот и е убеден дека совршено ќе се вклопи во неговиот систем на игра.

Вечерва „Марка“, пред околу еден час лансираше вистинска „бомба“ која ќе ги израдува навивачите на Реал кој го исчекуваат трансферот на Азар во Реал.

Имено, реномираниот медиум пишува дека претходно бил постигнат договор помеѓу клубот и играчот, а сега „паднал“ договор и помеѓу клубовите.

Детали од договорот и суми засега не се откриваат, но се претпоставува дека сумата изнесува околу 100 милиони евра. Значи, ако и веруваме на „Марка“ која важи за еден од најреномираните и најпознатите медиуми во светот, а покрај тоа е и блиска до тимот на Реал – се е готово и се чека само официјална потврда.

Така многу веројатно Азар ќе биде изгледа првата поголема ѕвезда која на лето ќе слета во Мадрид, останува времето да покаже дали ќе има уште некоја.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Сејдини: Битол доби репрезентативен стадион!

Фудбалската федерација на Македонија ги заврши активностите од проектот за осветлување на …