Французинот во сезоната која заврши одигра променливо.
Бакајоко откако пристигна во Милан забележуваше лоши настапи и беше еден од најкритикуваните играчи, но после неколку натпревари успеа да ја подобри формата.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Меѓутоа, Милан не се пласираше во Лигата на шампионите и оваа година, тоа ќе претставуа уште еден голем удар за клубот.
Од најавените големи засилувања нема да има ништо, а нема да успеат да го задржат и Бакајоко кој одигра добар втор дел од сезоната.
Позајмицата на Бакајоко истече на крајот од оваа сезона и Французинот се врати во Челзи каде и што според зборовите на неговиот брат кој му е менаџер сака и да остане.
„Добивме многу многу понуди, но во овој момент за него приореитет е Челзи. Ќе игра Лига на шампиони,а тој сака стабилнсот и ќе остане во Лондон“, изјави братот на Бакајоко.
На оваа изјава Италијанците додаваат дека Милан имал план како да го задржи и да нема проблеми, но самиот фудбалер изразил желба да го напушти клубот и да се врати на Островот.