Дома Тенис Познати детали: Откриена причината за смртта на момчето на Сабаленка

Познати детали: Откриена причината за смртта на момчето на Сабаленка

Светската јавност денска ја потресе веста за смртта на поранешниот белоруски хокеар Константин Колцов на 42-годишна возраст, неколку часа подоцна објавена е и причината.

Наводно Колцоф и се придружил на својата девојка во Мајами, втората тенисерка во светот Арина Сабаленка каде што треб таа го очекуваше стартот на турнирот. Како што пишува белорускиот Телеграф, причина за смртта е белодробна тромбоемболија.

Тоа е состојба во која згрутчувањето на крвта се одвојува од првобитното место и патува низ крвотокот предизвикувајќи оштетување на органите.

Колцов во моментот на смртта беше помошник тренер на Салавет Јулајева и се поврзуваше со Динамо Минск.

Легендарниот хокеар учествуваше на Олимписките игри во 2002 и 2010 година и смени неколку клубови во КХЛ, играше и за Питсбург пингвинс во НХЛ. Во врска со Сабаленка беше од 2021 година и редовно ја следеше на турнирите, а и беше поддршка и на Индијан Велс каде што од трибините ја гледаше елиминацијата на својата девојка во осминафиналето пред шест дена.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Тенис

Проверете

Свитолина ја испрати Сабаленка дома: Шест гема во низа и повторно без ракување

Елина Свитолина ја прекина серијата од шест порази против Арина Сабаленка и обезбеди полуф…