Според последните информации од шпанските медиуми, Војчех Шчесни ќе се врати од пензија за да потпише договор со Барселона.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Поранешниот голман на Јувентус и Арсенал неодамна објави дека се повлекува од професионалниот фудбал, меѓутоа понудата од каталонскиот гигант изгледа го натерала да се премисли.
Шчесни во последната сезона го чуваше голот на Јувентус од каде што си замина по доаѓањето на Ди Грегорио, а сега одлучил да ја прифати понудата од Барселона која тргна во потрага по голман по повредата на Тер Штеген.
Според најавите Шчесни би потпишал договор вреден три милиони евра со важност до јуни наредната година и во него би биле вклучени одредени бонуси.