Еден од најпознатите италијански агенти, Бепе Боцо го даде своето мислење за евентуалниот трансфер на Кристиано Роналдо во Јувентус.
Боцо има одлични релации со Јувентус и Реал Мадрид, тој работеше на трансферот на Алваро Мората, и тврди дека тоа што двете страни не негираат е доволна потврда за трансферот.
Салах руши рекорди! Викендов две големи дербија во Премиер Лига! ↓↓↓
„Ја следам ситуацијата околу трансферот. Тоа што двете страни не негираат е доволна потврда. Мислам дека сите страни се дојдени до момент од кој што нема назад и дека трансферот е само прашање на време. Она што мене ме убеди дека Роналдо доаѓа во Јувентус е токму тоа што досега немаше никаков демант. Роналдо ужива неколку дена на одмор, верувам дека наскоро ќе објави дека е нов играч на Јуве“, изјави Боцо.
Италијанскиот агент добро го познава Флорентино Перез и истакна дека според него „кралевите“ веќе работат на замена.
„Перез веќе почна да бара замена, но Роналдо не може да се замени со еден голем играч туку со двајца. Мислам дека ќе биде многу тешко за Нејмар и Мбапе. Моето мислење е дека Перез ќе го купи Азар и еден меѓу Кејн, Левандовски, Икарди“, смета Боцо.