Грем Потер доби голема доверба од новите сопственици на Челзи кои се спреми да му дадат солиден буџет во зимскиот преоден рок.
Англиските медиуми пренесуваат дека раководсвото ќе му даде солиден буџет за зимски засилувања, а позната е најголемата трансфер желба на Потер.
Салах руши рекорди! Викендов две големи дербија во Премиер Лига! ↓↓↓
Станува збор за неговиот „миленик“ од Брајтон, Моизес Каиседо, кој ова лето беше на мета на многу европски гиганти.
Одличниот Колумбиец пристигна во Брајтон за 5,5 милиони евра и под водство на Потер буквално „експлодираше“. Тој се етаблираше во еден од најдобрите играчи за врска во Премиер лигата, а Потер го гледа како идеална замена за Канте.
Моизес има договор со Брајтон до 2025 година, па Челзи ќе мора да плати 50 милиони евра за да го доведе на „Стенфорд Бриџ“.